Тридневница на Сестрите Евхаристинки во Скопје

Скопје, 27.05.2013 /к.мк/ – По повод празникот на Пресветата Евхаристија, Сестрите Евхаристинки со тридневна молитвена програма се подготвуваат за одбележување на својот заштитен празник. Од 27 до 29 мај, вратите на нивната манастирска куќа во Скопје ќе бидат отворени за сите верници кои имаат желба заедно со нив духовно да се поврзат во овие претпразнични денови. Тридневницата започнува во 17 часот со обожавање на светата Причест, а во 18.00 часот започнува Светата Миса. (Е.А./Р.К.)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<