Трапистите даруваа два века стари дабови за обнова на Нотр Дам

Трапистите даруваа два века стари дабови за обнова на Нотр Дам

Траписти од Солигни-ла-Трапа во Франција подарија два века стари дабови од своите шуми за обнова на париската катедрала Нотр Дам која настрада во пожар пред две години, објави Катпрес.

Опатот на трапистите Томас Георгеон вели дека нивното учество во обновата на париската катедрала со дарувањето на дрвјата има и симболичка димензија затоа што нивното контемплативно живеење ќе биде присутно во Нотр Дам преку скромните дабови даски.

Стеблата се урнати во март и ќе се сушат 18 месеци пред обработката. Дабовите се избрани во шумите на трапистичката опатија која се протега на 80 хектари површина. Изборот е направен според строги критериуми. Имено, стеблата морале да бидат стари помеѓу 100 и 200 години, рамни, без оштетување на стеблата и дијаметар од 60-80 сантиметри, пренесе Катпрес.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот