Трагите од раните на човекот од Торинското платно се поклопуваат со раните на плаштот за кој се верува дека го носел Исус

„Нема предмет на светот кој е подложен на толку детални и темелни истражувања како Торинското платно. Настана дури и посебна научна дисциплина – синдонологија, која се занимава исклучивосо истражување на феноменот кој се крие во ова, на прв поглед, потполно обично ленено платно“.

Надбискупијата на Торино минатиот викенд објави дека започна да прима резервации за посета на идното излагање на најпознатата реликвија на светот – Торинското платно, кое ќе биде изложено идната година од 19 април до 24 јуни.

Последниот пат таа реликвија беше изложена за јавноста подолго време во 2010 година, кога пред неа се молеше и папата Бенедикт XVI. Минатата година, беше изложена само кратко, на Велика Сабота. Идното излагање ќе биде во склопот на прославата 200 години од раѓањето на свети Иван Боско, а реликвијата ќе ја види и папата Фрањо кој поради тоа ќе дојде во Торино на 21 јуни.

Од надбискупијата порачуваат дека реликвијата ќе можат да ја видат оние верници кои ќе го најават своето доаѓање со резервација и тоа на страницата www.sindone.org. Очигледно организаторите сметаат на голема навала на верници кои сакаат да го видат Торинското платно, односно погребниот покров во кој Исус бил завиен откако бил симнат од крстот и положен во гроб.

Полскиот автор Гжегорж Горни во својата импозантна книга „Сведоци на таинствата“, која ја создаваше заедно со фотографот Јануш Росикон и која е посветена на истрагата за Христовите реликвии најголемо внимание посветува токму на Торинското платно.

„Нема предмет на светот кој е подложен на толку детални и темелни истражувања како Торинското платно. Настана дури и посебна научна дисциплина – синдонологија, која се занимава исклучиво со истражување на феноменот кој се крие во ова, на прв поглед, потполно обично ленено платно“, пишува Полјакот кој во својот дел наведува цела низа на истражувања кои ја потврдија автентичноста на платното како Исусов погребен покров, меѓутоа не можеа да откријат на кој начин е настанат отпечатокот на човечко тело на него.

Во својата книга Горни открива и еден малку познат детал за научните истражувања кои индиректно ја потврдија автентичноста на Торинското платно, истражувајќи уште една Христова реликвија – Плаштеницата од Аргентвила, која од 12 век се чува во гратче покрај Париз и за која се верува дека е плаштеницата на Исус Христос за која на Голгота римските војници фрлаа коцки.

Заслужен за тоа откритие е тимот од Институтот за оптика во Орсеј и неговиот водач, професор Андре Марион.

„Научниците од Орсеј во 1998 година одлучија да ги споредат трагите од крв на Торинското платно со оние од плаштеницата од Аргентвила. За таа цел изградија компјутерски геометриски модели кои прикажуваат како би стоела плаштеницата на личност висока колку мажот од платното и неговите морфолошки карактеристики. Конечниот резултат ги зачуди истражувачите. Се покажа дека трагите од крв на плаштеницата прецизно се поклопуваат со траговите на раните на платното. Полагањето на сликите на двете ткаенини една на друга ги доведе научниците до заклучок дека обете се извалкани со крвта на истиот маж“, пишува Горни, додавајќи дека покасните истражувања потврдија дека тој човек, според сите резултати и споредбени истражувања, бил – Исус од Назарет.

Горан Андријаниќ/Битно.нет/Превод: С.С.

Категорија: Свет

За авторот