Точно напладне Тој доаѓа

Секој ден точно напладне, некое младо момче се појавувало на врата од Црквата, накратко застанувало и заминувало. Имаше карирана кошула, искинати фармерки и јакна, онака како што се облекуваат младите денеска.

Во рацете имаше скоро секој ден хартиена кеса со пециво. На парохот му беше многу сомнителен, па затоа еден ден и го праша зошто доаѓа секој ден пред Црквата. Парохот се сомневаше во него, бидејќи многу такви луѓе како него влегуваа за да крадат ситни пари од Црквата.

„Доаѓам да се помолам“, одговори младото момче.

„Да се молиш?! Што можеш да измолиш за толку кратко време?“

„Па… секој ден доаѓам до Црквата напладне и кажувам: „Исусе, Мартин е!“, и потоа заминувам. Молитвата е кратка, но јас сум сигурен дека Исус ме слуша“.

Неколку дена покасно, по несреќата на работното место, момчето завршува во болница.

Во болничката соба лежеше со останатите болни, но се неговото доаѓање расположението во болничката собата потполно се промени. Наскоро таа соба стана постојка за сите на одделението од болницата. Млади и стари доаѓаа кај него, а тој на сите им се насмевнуваше и ќе упатеше по некоја шега и охрабрување.

Го посети и парохот. Во придружба на медицинската сестра седна покрај неговиот кревет.

„Ми кажаа дека си имал сериозна повреда, но дека и покрај сето тоа ги охрабруваш другите болни. Како успеваш?

„Благодарејќи му на оној што ме посетува секој ден напладне“.

„Но тука никој не доаѓа напладе“ – го пресече медицинската сестра.

„Доаѓа, доаѓа, точно секое напладне доаѓа. Застанува на вратата од собата и ми вели: „Мартин, Исус е! И потоа заминува.

Бруно Фереро/Превод: го*ко

Категорија: духовнитекстови

За авторот