Како се оправдуваме за да не одиме на Литургија (2 дел)

Како се оправдуваме за да не одиме на Литургија (2 дел)

Често е многу лесно да се најде изговор за да се пропушти светата Литургија, иако светата Литургија е најголемиот дар кој Господ ни го оставил. Во овој текст прочитајте некои од најчестите изговори, но и одговорите на секој од нив.

Не сакам да одам на света Литургија

Откако ја прочитавте оваа реченица, изговорете ја сега со лелекање и замислете како удирате со ногата – „Но, јас не сакам да одам на света Литургија!“ Тоа е класичен детски начин на однесување – лелекање кога нешто не се сака да се прави, изливи на бес и на крајот одбивање да се прави она што се бара од нив.

Не можеме да го живееме животот дозволувајќи емоциите и чувствата да ни го одредуваат однесувањето како што тоа го прават децата. Замислете само што сѐ не би било направено ако едноставно сме одлучиле да не го правиме она што не ни се допаѓа: „Не ми се допаѓа дијагнозата на лекарот,“ „Не ми се допаѓа детето,“ „Не сакам да плаќам сметки,“ „Не сакам да одам во училиште, “ „Не сакам рано да станувам и да одам на работа,“ итн. Ако сме водени од нашите хирови нашите животи би биле катастрофа, полни со хаос и неред. За да преживееме од пресудна важност е да правиме работи кои инаку не ги сакаме. Мораме да созрееме за да откриеме дека жртвите и одрекувањата се основниот дел на животот. Кога сме упорни во овие непријатни активности започнуваме да ја забележуваме убавината и големата вредност на нашата напорна работа и дисциплина.

Ако престанеме да одиме на света Литургија затоа што не сакаме, нашите животи ќе бидат исполнети со хаос и неред. Дури и кога не уживаме, учествувањето во светата Литургија на крајот нѐ воведува сѐ подлабоко во верата и нѐ снабдува со мирот кој ни е потребен на земјата. Зошто? Затоа што на светата Литургија можеме целосно да го примиме Христос во Евхаристијата. Никогаш не сме поблиску до нашиот Господ отколку во моментот кога Неговото Тело е присутно во нашето. Само овој дар вреди далеку повеќе од нашите задоволства и забави. Што и да не ви се допаѓа во врска со светата Литургија со љубов кон Христос присутен во Евхаристијата може да се надмине.

„Секоја света Литургија сослушана предано чудесно делува на нашата душа, изобилува со духовни и материјални милости за кои не знаеме. Полесно е земјата да постои без сонцето, отколку без светата литургиска жртва.“ – свети падре Пио

Зошто да одам на света Литургија ако не можат да се причестам?

Иако Евхаристијата е централниот аспект на светата Литургија, таа сепак не е единствената важна продобивка од учеството на светата Литургија секоја недела. Исус е Словото (Ив 1, 14). Кога сме на света Литургија и го слушаме Словото ние го слушаме Христос. Нашите души се хранат со тоа Слово слично како и во Евхаристијата. Учествувајќи на светата Литургија ние се храниме и растеме сѐ подлабоко во светоста. Одиме на света Литургија не само да примиме дарови, туку и самите себе како дарови да Му се предадеме на Господ. Евхаристијата доаѓа од грчки збор кој значи благодарност. Кога одиме на света Литургија му се заблагодаруваме на Господ за сѐ што направил и прави за нас.

Ако твоето срце сака може и духовно да се причести. Измоли ја молитвата на свети Алфонсо Лигуори:

„Мој Исусе верувам дека си присутен во Пресветата Евхаристија. Те сакам најмногу од сѐ и сакам да те примам во својата душа. Бидејќи не можам сега светотаински да те примам, духовно посети ми го срцето. Те прегрнувам како веќе да си дошол и соединиме целосно со себе. Не дозволувај никогаш да се разделам од тебе. Амин.“

Секогаш одам на света Литургија, но не гледам никаква промена во себе

(…) Можеби и не забележуваш некоја промена во својот живот. Сите твои проблеми сѐ уште се тука. Гревовите исто така се нешто со што мораш секојдневно да се бориш. Сепак, кога сме во присуство на Синот Божји ние се менуваме. Мораме да веруваме дека Бог делува во нашите срца, дури и кога не можеме веднаш да видиме што точно прави.

„Кога сте Го примиле разбудете во своето срце почит, разговарајте со Него за вашиот духовен живот, гледајќи Го во својата душа каде што е присутен заради вашата среќа дочекајте Го што посрдечно, а со своето однесување сведочете Го неговото присуство на сите.“ свети Фрањо Салешки

Becky Roach/CatholicLink/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот