Телото на свети Иван XXIII ќе престојува во Бергамо

Телото на свети Иван XXIII ќе престојува во Бергамо

Следната година телото на папата Иван XXIII на неколку дена ќе се врати во Бергамо, таа вест со голема радост и благодарност ја искажа до папата Фрањо бискупијата која до Светиот Отец упати барање.

Важен настан – 60 години од изборот за Папа

Уште не се познати деталите, ниту пак датумот, но сепак е голема радоста во бискупијата. Бискупската курија во тој град, во италијанската покраина Ломбардија, на 27 јуни извести дека папата Фрањо преку Државниот секретаријат одобри свети Иван XXIII да се врати во Бергамо. Се претпоставува дека тој важен настан ќе се оствари на 3 јуни следната година, на 55 годишнината од упокојувањето и 60 години од изборот за Папа. Телото на „Добриот Папа“ би требало да се задржи неколку дена во Бергамо и во местото Сото ил Монте, каде што роден папата свети Иван XXIII.

Благодарност на бискупот Беши

Благодарејќи на папата Фрањо за тој гест на татковска љубов кон бискупијата, месниот бискуп Беши се спомна на големата човечност на свети Иван XXIII, неговата духовност, неговото трпение во тешкотиите, подготвеноста со сиромашните да го подели она малку што го има, неговата способност да гледа повеќе позитивни страни, а не оние негативните, како и истакнувањата во односите со другите, работите кои соединуваат, а не она што разделува. Сето тоа – според зборовите на бискупот – нѐ учи да гледаме на животот и иднината со оптимизам, и да се однесуваме кон луѓето со почит и доверба.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот