Телеграма на Папата по повод Меѓународниот конгресот за православна духовност во Бозе

Во италијанското место Бозе истоимената заедница е домакин на 24. Меѓународен конгрес на православната духовност. По тој повод приорот на заедницата брат Енцо Бјанки прими телеграма од кардинал Пиетро Паролин државниот секретар на Светиот Престол.

На овој начин Светиот Отец ги упатува своите добри желби до сите присутни претставници од разни Цркви за деновите на студирање и размислување да бидат поволна можност за братски средби за искрена взаемна размена на искуства, сѐ до заедничкото слушање на Словото Божјо и продолабочување на запознавањето на духовната традиција на Православната црква.

Папата Фрањо се надева, истакнува Паролин, дека размислувањето за мачеништвото, како скапоцено наследство на Евангелието кое ги обединува сите цркви, ќе овозможи да го гледаме привилегираниот пат на екуменизмот на крвта, кој претходи на секоја спротивност и го зацврстува патот кон единството. Неговата Светост, завршува Паролин, повикува помош од Светиот Дух за работата на симпозиумот и додека бара молитва за своето служење на Црквата го испраќа својот апостолски благослов, повикувајќи го за сите присутни Господовото милосрдие и мир.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот