Телеграма за сочувство за настраданите од земјотресот во Тајван

Телеграма за сочувство за настраданите од земјотресот во Тајван

Во телеграмата со сочувство, која ја потпиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец ја изрази својата солидарност со оние кои се погодени од силниот земјотрес во пристанишниот град Хуалјан во Тајван. Телеграмата со сочувство е испратена до месниот епсикоп монс. Филипе Хуанг Цао – минг, на кого папата Фрањо му вети дека ќе се моли за повредените и загинатите.

Истовремено Светиот Отец ги охрабри граѓанските власти и екипите за брзи интервенции, кои се задолжени за вакви ситуации, а за тајванскиот народ побара Божји благослов за сила и мир. Извештајот за настраданите сѐ уште е привремен и станува збор за 6 загинати, 88 се водат за изчезнати и 240 повредени.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот