Тежината на крстот

Тежината на осудата го прободува нашето срце, го убива нашето его, а зборовите „распни Го, распни Го“ создаваат чувство на беспомошност.Се плашиме од исмевањето на „ерусалимските улици“. Изречената казна не ја заслуживме. Погледот го свртуваме кон крстот и сфаќаме колку многу се бара од нас. Не, тоа ние не го заслужуваме, не смееме да трпиме, тоа не е дозволено. Единствено можно е да уживаме.

Стоиме лице во лице со нашите болки, слабости, страдања и маки, треба да ги прегрнеме за да пролжиме напред. Не сакаме да го прифатиме крстот, не сакаме да прифатиме жртва, нашето самољубие ќе биде повредено. Тежината на крстот станува уште поголема кога нашите барања и желби не се исполнети. Нè плашат камшиците на животот, раните кои ги создаваат и затоа упорно бегаме од нив.

А Ти Исусе ни ги лекуваш овие рани во тишина, во Евхаристијата каде што го чувствуваме твоето присуство. Моментите на осаменост, отфрленост создаваат одбивност. Исусе Ти најдлабоко ја почувствува напуштеноста, да бидеш сам во момент кога сите ти се најпотребни. Подигни нè за да чекориме заедно под крстот, носејќи го товарот на сегашноста. Паѓаме под острицата на трновитата круна со која толку често светот нè крунисува, исмевајќи се на нашата љубов кон Тебе, Исусе Евхаристија. Погледот го насочуваме кон „Голгота“ каде што ќе се исправиме пред светот, „приковани“ на слободата, слободни од гревот.

к.мк/Данче Ичева

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот