Твитер профилот на Папата надмина 11 милиони корисници

Папата Фрањо сега веќе има повеќе од 11 милиони корисници на социјалната мрежа за кратки пораки – Твитер. Во текот на божиќните празници неговиот профил”@Pontifex” на девет јазици, надмина 11 милиони приматели на пораки. Во петок попладне имал вкупно 11.000.797 корисници.

Папата Фрањо преку Твитер секојдневно праќа делови од своите проповеди и порака. Во петок на 27 декември напиша: „Радоста на Евангелието секогаш нека биде во вашите срца, посебно во ова божиќно време.“

Повеќето приматели на пораките на Папата се со потекло од Аргентина, кои го следат преку профилот за шпански јазик, тие се 4,4 милиони. Следат и приматели на англиски јазик 3,4 милиони и на италјански со 1,3 милиони додека скоро милион корисници примат пораки на португалски јазик (909.000). Зборовите на Папата на француски јазик ги добиваат 224.000 корисници, на латински 195.000, на германски 163.000, на полски 159.000 и на арапски 104.000 приматели.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот