Твитер порака на Папата: Читај го Евангелието секој ден барем пет минути

Твитер порака на Папата: Читај го Евангелието секој ден барем пет минути

Своите следбеници на Твитер Светиот Отец ги поттикна секој ден барем пет минути да го читаат Евангелието, бидејќи тоа ќе им го промени животот.

Обиди се секој ден барем пет минути да го читаш Евангелието. Ќе видиш како тоа ќе ти го промени животот – поттикна папата Фрањо во својата Твитер порака која ја објави на 15 јули 2018 година.

Сличен поттик упати и на младите Аргентинци кои учествуваат на 2. Национална средба на млади, која се одржа од 25-27 мај оваа година во аргентинскиот град Росарио. Обраќајчи им се преку видео порака, ги праша колку од нив барем две минути секој ден читаат од Евангелието. Потоа ги повика покрај себе секогаш да ја имаат книгата, која го содржи Евангелието и да го читаат кога се во автобус или дома. Тоа ќе ви го промени животот, бидејќи ќе го сретнете Исус – рече меѓу другото Светиот Отец.

Ватиканњуз/к.мк

Клучни зборови: папа Фрањо, Твитер порака, евангелие

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот