Твитер порака на Папата: Мирот е возможен

Твитер порака на Папата: Мирот е возможен

Во името Исусово можеме со своето сведоштво да покажеме дека мирот е возможен – напиша папата Фрањо во Твитер пораката на 3 јануари 2017 година, по повод празникот Пресвето Срце Исусово. Станува збор за празник кој е посветен на Господ Исус. Името Исус, е дадено од Бог Отец со овоплотувањето, кој е роден од Девица Марија, а значи „Бог е Спасител“.

Коренот на побожноста кон Пресветото Име Исусово ги има во новозаветните книги. Свети Павле така во своето послание до Филипјаните донесува своевидна химна на Исуовото Име: Исус Христос е „обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога;  но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек; Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст. Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име, та во името на Исуса да ги преклони колената на сè што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот (Филипјаните 2,6-11)

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот