Тајната за среќен брак

Тајната за среќен брак

Вистинската љубов боли

Џон Роналд Руел Толкин бил романтичар. Ја запознал својата жена Едит кога имал 16 години. За момент бил фасциниран од нејзе и веднаш започнал со неформалното додворување, редовно водејќи ја во локалните кафетерии. Но кога свештеникот кој му бил законски застапник дознал за оваа романса и му забранил секаков контакт со Едит додека не наполни 21 година, за врската да не му влијае на студиите. Толкин неволно го послушал. Пет долги години ја чекал онаа за која знаел дека била неговата сродна душа. Вечерта на својот 21 роденден напишал писмо во кое ја изјавил својата љубов кон Едит и ја побарал нејзината рака. Недела дена после тоа тие се вериле.

Целиот свој живот Толкин пишувал љубовни песни за својата жена, а во писмата до пријателите со жар пишувал за неа. Но можеби најпознатата и трајна чест за својата сакана ја дал кога ја исткајал нивната романса во митологијата Средна земја – во приказната за Берен и Лутиен. По допирлива чест би било тешко да се најде. (…)

Толкин дури и по смртта не ја оставил својата Едит. Тој е погребан до неа, во ист гроб на кој се впишани имињата Берен и Лутиен. Можеме да кажеме, зборувајќи во модерен јазик, дека Толкин бил „многу заљубен“ во својата жена.

Вистинската љубов боли

Толкин бил во среќен брак 55 години. Наспроти тоа, модерните стапки на развод се шокантно високи, некој дури во потполност го отфрлаат моногамниот брак зборувајќи за тоа дека тој е едноставно невозможен или дури и нездрав. Што е тоа што Толкин имал што многу бракови го немаат? Што е тоа што направил неговиот брак да функционира? Одговорот е едноставен: сфатил дека вистинската љубов вклучува одрекување од самиот себе.

Модерната љубов е само чувство и насочена е само на себе. Ако некој те возбудува, ако срцето брзо ти зачука, ако таа личност те потврдува тебе и твоите желби, тогаш, според модерните дефиниции, може да се каже дека си заљубен во некој.

Додека бил длабоко приврзан на својата жена, Толкин ја отфрлил оваа површна идеја за љубовта. Дури и повеќе, Толкин го прегрнал католичкото сфаќање за вистинската љубов која е насочена на другиот – нешто што бара жртва од природниот инстинкт и одлучен чин на волја.

За да го илустрирам погледот на Толкин за брачната љубов, сакам да споделам со вас дел од писмото на нивниот син Мајкл Толкин. Од писмото може да се прочита другата страна на Толкин, онаа која е често непозната. За оние кои имаат премногу сентиментален поглед на љубовта, неговите зборови можеби ќе бидат шокантни, дури и навредливи. Но сепак тој ја артикулира вистината која, ако се сфати и прегрне, ја носи вистинската и трајната среќа во бракот. Еве дел од неговото писмо.

Не може да се побегне

Мажите не се (моногамни). Нема смисла да се преправаме. Мажите едноставно не се тоа, не се по својата животинска природа. Моногамијата за нас мажите е „откриена етика, според верата, но не и според телото.“ Суштината на паднатиот свет е тоа што она најдоброто не може да се добие со слободно уживање или со она што се нарекува „самоостварување“ (ова е обично убав израз за самозадоволување кое во потполност е штетно за остварувањето на самиот себе) туку со негирањето на себе си, со страдањето. Верноста во христијанските бракови подразбира токму тоа: голема жртва. (…)

Ниту еден маж, колку и вистински да ја сака својата свршеница и жена како млад човек, не живеел верно кон нејзе со умот и телото без слободно и свесно посакување, без самоодрекување. Кажано им е ова и повеќе пати – дури и оние кои израснале во Црквата. Тие од надвор тоа ретко и да го слушнале.

Кога гламурот ќе се истроши, или само малку се намали, мислат дека направиле грешка и дека треба да ја пронајдат својата сродна душа. Таа вистинска сродна душа воопшто е првата наредна личност која сексуално ги привлекува. Некој кого можеле веќе да го оженат, само ако… Поради тоа и развод. Поради тоа „само ако“.

И нормално дека се во право. Згрешиле. Единствено многу мудар маж на крајот од својот живот би можел да пресуди, меѓу сите можни прилики, кога можел да се ожени! Скоро сите бракови, дури и оние среќните, се грешка – во смисла дека речиси сигурно (во многу совршениот свет, или дури и со помалку грижи во овој многу несовршен) двајцата партнери би можеле да најдат посоодветни сродни души. Но „вистинската сродна душа“ е онаа за која си венчан. Во овој паднат свет имаме како свои единствени водачи претпазливоста, мудроста (ретко во младоста, подоцна во староста) чисто срце и верност на волјата…

Љубовта е борба

Како што реков, многумина можеби ќе се навредат од искрено зборување на Толкин за бракот. „Ако навистина сакаш некого“, ќе рече, „не би требало да биде тешко да се љуби! Не треба да постои битка. Бракот како жртвување? Колку навредливо! Мора да не ја љубиш својата жена.“

Ваквото мислење го пропушта битието. Вистинската љубов е борба против себељубието.  Ова е борба против нашата падната и многу себична природа. Умирање што дава живот. И секој човек кој што е искрен кон себе си ќе признае дека Толкин бил во право. Битката за чистотата и верноста никогаш не престанува колку и да ја сакаме својата жена.

Битието на љубовта е чин на волја. Чувствата во бракот доаѓаат и заминуваат. Оние со среќен брак се тие кои избираат – и избираат да ја љубат својата жена повеќе отколку самите себе си, оние кои што избират да ги жртвуваат своите краткорочни желби за долгорочна среќа, кои избираат да дадат наместо да земат.

И знаете ли што? Кога ќе изберете да бидете верни, среќата неизбежно ве следи. Многумина се откажуваат кога работите ќе станат тешки – во оној ист момент кога, ако би избрале да бидат верни и се борат, ја наоѓаат вистинската среќа која ги чека на крајот од борбата.

Како што уште еден среќен католик во бракот, Г. К. Честертон еднаш напишал: „Знам многу среќни бракови, но ниту еден компатибилен. Целта на бракот е да се бориш и да го преживееш оној момент кога некомпатибилноста е во прашање. Затоа што мажот и жената, како такви, се некомпатибилни.“

Вистинската радост и трајната среќа во бракот се можни. Небројни бракови, вклучувајќо го и на Толкин, го докажуваат овој факт. Но никогаш нема да ја најдеме оваа среќа ако сме фокусирани само на себе. Парадоксално, но мораме да заборавиме на себе за да ја најдеме среќата која ја бараме.

Господа, ако сакате верен и среќен брак, морате да се умртувате себе. Морате да ја ставите својата жена на прво место. Морате да љубите преку жртвата на самоодрекувањето – на ист начин на кој што Христос ја љубеше својата Свршеница, Црквата. Едноставна е оваа тајна која многумина ја пропуштаат.

Млади католици/к.мк

Фото:Jürgen Damen од Pfarrbriefservice.de

Категорија: Вера, Семејство

За авторот