Тага во халдејската заедница заради откажувањето на полноќната Миса во Багдад

Тага во халдејската заедница заради откажувањето на полноќната Миса во Багдад

Халдејскиот патријарх, кардиналот Луис Рафаел I Сако, во разговор за Радио Ватикан, рече дека станува збор за одлука која се однесува само на халдејската заедница, а е донесена за да се избегне можноста од напади. Славења редовно ќе се одржат за католичките заедници од другите обреди

Халдејската Католичка Црква ги откажа полноќната божиќна света Миса во главниот град на Ирак, Багдад. Во разговор за Радио Ватикан халдејскиот патријарх, кардинал Луис Рафаел I Сако изрази длабока тага заради таа одлука, објаснувајќи дека се плаши заради нередот кој во последно време таму владее. Притоа го спомна насилството кое избувнало за време на против владините демонстрации кои се случуваат ширум земјата. Многумина нѐ советуваа да ги избегнеме ноќните прослави и да ги одржиме во текот на денот, што одлучивме така да направиме за да ја отстраниме можности за напади – рече кардинал Сако. За католичките заедници од другите обреди ноќната божиќна света Миса ќе се одржат редовно.

Кардиналот меѓу останатото истакна дека во земјата владее целосна забуна, што е бесмислено затоа што луѓето кои протестираат сакаат достоинствен живот, односно работа, јавни услуги и слобода. Не знаеме каде одат државните пари, струјата во целата земја е многу слаба, во многу станови нема вода, а ниту во училиштата и болниците ситуацијата не е добра – рече патријархот и додаде, дека оние кои протестираат сакаат некорумпирана политика која служи на земјата и во спротивност со културата која се разви во последно време односно конфесионализмот ко ј –  како што објасни, е во спротивност со фактот дека сите се рамноправни граѓани. (…)

Освен тоа, халдејскиот патријарх напомена дека неговата заедница литургиските славења ќе ги одржи во текот на денот, на празникот Божиќ, кога ќе се моли за мир и стабилност во земјата. Оние кои протестираат ги повикале да им се придружат на заедничката молитва, и со запалени свеќи да постават големо божиќно дрвце. Наместо тоа – објасни кардинал Сако, одлучивме да не украсуваме елка, заштедените пари ќе ги донираме на болниците и на сиромашните. (…)

На крајот одговарајќи на прашањето за можната улога на христијаните како оружја на мирот во Ирак, рече дека нивниот глас се слуша, додавајќи дека се малцинство, но се многу активни.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот