Судот одлучи да се исклучат апаратите на Алфие

Судот одлучи да се исклучат апаратите на Алфие

На повидок нов случај Чарли Гард. Судот одлучи дека исклучувањето на апаратите се за „добро на детето“.

Британскиот суд на 20 февруари одреди Алфие Еванс, едногодишно момче со ретка болест на мозокот, да му се исклучат апаратите кои го одржуваат во живот, и покрај барањето на неговите родители да му се овозможи напуштање на земјата заради продолжување на третманот.

Судијата Ентони Хајден својата пресуда ја образложи дека таа е за „добро на детето“, истакнувајќи дека на Алфие сега му најнеопходна „добра палијативна нега“, која ќе му овозможи последните денови од животот да го помине што е можно подобро.

Пресудата е донесена врз основа на лекарската одлука на болницата Алдер Хеј и тврдат дека понатамошното одржување во живот на Алфие е „непримерно, нечесно и нехумано“. Последните испитувања на неговиот мозок покажале дека повеќето бела мозочна маса е уништена и предвидуваат брзо напредување на болеста.

Таткото на Алфие, Том потиштен од одлуката на судот изјави дека станува збор за смртна пресуда на неговото дете, додавајќи дека „никој во оваа земја нема да му го одземе синот“.

Лекарите од ватиканската болница Bambino Gesù, веќе порано понудиле да ја преземат грижата за детето, и покрај тоа што и нивниот став се совпаѓа со ставот на англиската болница дека болеста е неизлечива. Од ватиканската болница е искажана подготвеност да се изврши операција која ќе му овозможи да се храни и диши сѐ додека е во живот.

За време на читањето на пресудата, судијата рекол како е свесен дека родителите на Алфие се католици, воспитани во католичката вера, додека во својот завршен говор Том Еванс истакнал дека Алфие е дете на своите родители и Божјо дете и дека судот тоа треба да го земе во предвид.

Ако родителите на Алфие не упатат жалба за пресудата, веќе овој петок на Алфие ќе му бидат исклучени апаратите, но најверојатно тие ќе ја продолжат борбата за живот на нивниот син сѐ додека сите опции не бидат исцрпени.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот