Судири во Светата земја. Папата: Насилството ја убива иднината

Судири во Светата земја. Папата: Насилството ја убива иднината

По молитвата Ангел Господов, Папата ја изрази својата загриженост за насилните судири во Палестина и Израел, каде во средата беа извршени два атентати и посака израелските и палестинските власти повеќе да го стават на срце дијалогот и мирот. Осврнувајќи се на Украина, Светиот Отец охрабри да не се измориме кажувајќи „не“ на војната и насилството

Со загриженост го следам зголемувањето на насилството и судирите, кои веќе со месеци се случуваат во државата Палестина и во државата Израел.

Ескалацијата на конфликтот во Светата Земја го растажува папата Фрањо кој, откако ја измоли молитвата Ангел Господов во недела 27 ноември 2022 година спомна „два подмолни атентати“ извршени во средата во Ерусалим, во кои беа повредени многу луѓе, а едно израелско момче беше убиено; истиот ден во вооружени судири во Наблус беше убиено палестинско момче.

Насилството ја убива иднината, го прекинува животот на најмладите и ја слабее надежта за мир.

Папата Фрањо затоа поттикна на молитва за тие убиени момчиња и за нивните семејства, посебно за нивните мајки и ги поттикна Израелците и Палестинците на мирен соживот.

Моја желба е израелските и палестинските власти да бидат повеќе заинтересирани во барањето дијалог, градење меѓусебна доверба, без која никогаш нема да има мирно решение во Светата Земја.

Повторно римскиот бискуп ја спомена Украина и конфликтот кој ја пустоши повеќе од девет месеци.

Никогаш да не се умориме да кажеме „не“ на војната, „не“ на насилството и „да“ на дијалогот, „да“ за мирот; посебно за измачениот украински народ.

Зборувајќи за Украина, Папата го спомена вчерашното одбележување на годишнината од Холодомор, гладот предизвикан од Советскиот Сојуз во 1932 и 1933 година, кој уби милиони луѓе. Во 2003 година Обединетите нации го дефинираа како резултат на сурови политики и дејствување, а во 2008 година Европскиот парламент го прогласи за злосторство против човештвото. Од таа година, Холодомор се одбележува секоја четврта сабота во ноември во Украина.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот