Студиски ден: „Католичката црква во Македонија низ својата историја“

Студиски ден: „Католичката црква во Македонија низ својата историја“

Во организација на Католичката црква во Република Македонија во соработка со Католичкиот богословски факултет од Сараево во сабота 10 ноември 2018 година со почеток во 9,00 часот во Националната установа „Музеј на македонската борба“ ќе се одржи студиски ден на тема „Католичката црква во Македонија низ својата историја“.

Симпозиумот ќе го отвори Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, а свое обраќање ќе има и Н.Ем. кардинал Винко Пуљиќ, Врхбосански надбискуп, како и деканот на Католичкиот богословски факултет од Сараево проф. доц. д-р Дарко Томашевиќ и деканот на Православниот богословски факултет од Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски. Се очекува на отворањето до присутните да се обрати и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, м-р Даријан Сотировски.

На овој научен собир предавања ќе одржат 11 професори од Македонија и странство.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот