Струмица: Свештеничка молитвена средба

Струмица: Свештеничка молитвена средба

Во понеделник 27 јуни 2022 година во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица се одржа Свештеничка молитвена средба за свештениците од Струмичко – скопската епархија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

На средбата се молеше Шестиот час од Часословот, Обожавање со Света Бројанцица и размислување меѓу секоја десетка, по што следуваше благослов со Светата Причест и света Исповед.

Во продолжение на средбата Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше светата Литургија, во сослужение на присутните свештеници. Во проповедта епископот Стојанов, осврнувајќи се на литургиското Евангелие кое зборува за повикот на Дванесетмината истакна дека тие не ни можеа да сонуваат каков потфат започнуваат, а потоа осврнувајќи се на стихот од Евангелието „Жетвата е голема, а работници малку;. затоа помолете Го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва” рече: Господ бара од нас молитви, да се молиме, за да се зголеми нивниот број. Секако нашите молитви не ги менуваат Божјите одлуки и намери, но има дела и одлуки кои Господ ги поврзува за нашите молитви. На Божјата нива да бидеме молители дека Бог сѐ ќе направи, а како работници, дека ние ќе направиме сѐ!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот