Струмица: Поклонение на млади во Година на милосрдието

На празникот Цветници, 24 април 2016 година по завршувањето на светата Литургија младите од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица направија поклонение во рамки на Јубилејната Година на милосрдието. Поклонението го започнаа со молитва во парохиската црква, а потоа се упатија кон манастирот Свети Илија, кој што беше прва етапа. После кратката пауза продолжија кон Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, каде што поминаа низ Јубилејната врата и се задржаа во молитва.

Ова поклонение на млади заврши во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица, каде тие го предводеа Крстниот пат за млади.

Пиклонениетo за младите од парохијата воедно се совпаѓа со Јубилејот на млади и деца во Јубилејната година и е искористено како духовна подготовка со исповед за празникот Воскресение Христово.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот