Струмица: Парохиската црква Свети Иван Крстител го прослави својот патрон

На 7 јули 2015 година на празникот Раѓање на свети Иван Крстител верниците во Струмица со света Литургија го прославија патрониот празник на црквата. Свечената Литургија ја предводеше деканот на деканатот Свети Кирил и Методиј, о. д-р Зоран И. Стојанов, во сослужение со свештеници и ѓаконот од Апостолскиот егзархат во Македонија. На Литургијата покрај верниците од парохијата присуствуваа и верници од други парохии.

Во проповедта о. д-р Зоран И. Стојанов се осврна на животот на свети Иван Крстител, како и пораката која ни ја дава на нас христијаните денес.

На крајот од литургиското славење парохот о. Гоце Костов се заблагодари на о. Зоран Стојанов за духовните поттици, а истовремено се заблагодари и на сите свештеници и верници, кои со нивното присуство го возвеличија патрониот празник на црквата.

По завршувањето на Литургијата во црковниот двор верниците од парохијата организираа за дружење и заедничко агапе.

Верниците од парохијата за патрониот празник се подготвуваа со Деветница до Свети Иван Крстител, која се молеше во парохиската црква од 31 јуни до 6 јули 2015 година.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот