Струмица: Обожавање на Светата Причест по повод Светскиот ден на сиромашните

Струмица: Обожавање на Светата Причест по повод Светскиот ден на сиромашните

По повод Третиот Светски ден на сиромашните во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица, во недела 17 ноември 2019 година во попладневните часови се молеше Обожавање на Светата Евхаристија.

Светскиот ден на сиромашните е како „привилегиран момент за нова евангелизација“ го основа папата Фрањо со апостолското писмо „Misericordia et misera“ на крајот од Јубилејот на милосрдието и одреди да се слави во месец ноември. Со ова Црквата на посебен начин сака да им се приближи на сиромашните, да им се помогне, но и да се сврти внимание на предизвиците со кои тие се соочуваат.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот