Струмица: На Крстен пат со Богородица

Во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица во недела 1 март 2015 во рамките на пасторалната година „Година на семејството“ се одржа Крстен пат, кој беше насловен „На Крстен пат со Богородица“. По секоја постојка се молеше Радувај се Маријо, додека преминувањето од постојка до постојка беше пропратено со пеење.

Преку размислувањата „На Крстен пат со Богородица“ направен е обид да се доловат чувствата, тагата, емоциите, но и решителноста на Богородица да го следи својот Син до крај. Овие размислувња ги охрабрија присутните во носењето на крстовите во животот, соединувајќи се со Христос кој страда заедно со нас.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот