Струмица: Камп за деца Назарет

Во вторник 28 јули 2015 година во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа еднодневен камп за деца – Назарет. На кампот учествуваа повеќе од 20 деца од парохијата, кои целиот ден го поминаа во молитва, катехизација, креативни работилници, игра и дружење.

Кампот започна со молитва во парохиската црква, по што отец Гоце Костов пренесе катехеза за Свети Иван Крстител, која беше прилагодена за нивната возраст. На крајот од катехезата децата преку разговор за ликот и животот на свети Иван Крстител донесоа заклучок дека и тие се повикани да бидат малиот свети Иван Крстител, чиј што живот ќе се одликува со скромоност, понизност, праведност и ќе повикуваат на преобраќање, сведочејќи за вистината, не плашејќи се да кажат што е добро, а што зло.

За дружењето и креативната работилница се погрижија волонтерите од парохијата Свети Иван Крстител. Детскиот камп беше наречен Назарет, бидејќи тоа е место каде Исус растеше, како што и децата треба да растат со Господ во Црквата и во верата.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот