Струмица: Вистинскиот маж моли

Струмица: Вистинскиот маж моли

На 30 јануари 2017 година во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица започна со реализација молитвената средба на мажи, насловена „Вистинскиот маж моли“, а во рамките на Година на молитвата, која ја прогласи Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов за Црквата во Македонија

На средбите најпрво се моли света Бројаница, а потоа следуваат моменти на заедништво и катехизација, а се предвидени и волонтерски активности за потребите на парохијата.

Иницијативата за реализација5560_1 на молитвената средба „Вистинскиот маж моли“ доаѓа од членовите на црковниот одбор, а е подржана од парохот о. Гоце Костов и парохискиот викар о. Атанас Сирачев.

Средбите се одржуваат во попладневните часови секој последен понеделник во месецот. Молитвената средба „Вистинскиот маж моли“ е од отворен карактер, за учество не е потребно никакво претходно пријавување, а следната средба е закажана за 27 февруари 2017 година.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот