Струмица: Вечер со Богородица и семејствата

Струмица: Вечер со Богородица и семејствата

Во сабота вечерта, 25 јуни 2022 година во дворот на црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица Н.В.П. монс. Киро Стојанов ја предводеше светата Бројаница на настанот „Вечер со Богородица и семејствата“, а во рамки на 10. Светска средба на семејствата, која се одржува во Рим и истовремено во сите католички епархии во светот. На средбата присуствуваа верници и семејства од повеќе парохии, како и волонтери и симпатизери на Радио Марија.

Средбата започна со молење на славните таинства на светата Бројаница, која ја предводеше Н.В.П. монс. Киро Стојанов, а беше посветена за семејствата .Помеѓу секоја десетка следуваа кратки размислувања поврзани за молитвата и семејствата.

Молитвената средба продолжи со Литанија до Пресвета Богородица и медитацијата „Да го бараме Исус“.

На крајот од средбата епископот Стојанов се заблагодари за овој молитвен настан, поделувајќи го својот благослов.

Средбата беше во организација на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица и Радио Марија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот