Струмица: Средба на волонтерите на Католици.мк

Во петок 27 мај 2016 година во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица, Католици.мк во соработка со Светлина – христијанско списание и Радио Ватикан – македонска програма одржа работилница, на која учествуваа околу 50 волонтери од повеќе парохии.

Средбата започна со кратка молитва, а во работата на средбата ги воведе о. Гоце Костов, кој  најпрво се заблагодари на парохиските свештеници за соработката и можноста Караванот Католици.мк да присуствува во бројни парохии, презентирајќи ја работата пред верниците. Тој го истакна големиот интерес на волонтерите за вклучување во медиумските активности на црквата.

За време на средбата беа презентирани два видео записи изработени од децата и младите од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во соработка со Католици.мк. Овие видео записи беа дадени како пример, покажувајќи ги можностите кои ги нуди денешната .

Потоа учесниците на средбите беа поделени во четири работни групи, во кои се зборуваше за конкретни потреби, се направи систематизација за работата и се донесоа одредени заклучоци, договарајќи ги понатамошните активности.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот