Распоред на богослужбите за време на Страстната седмица во Ватикан

Распоред на богослужбите за време на Страстната седмица во Ватикан

Заради вонредната ситуација која се создаде со пандемијата од болеста Ковид-19 и водејќи сметка за одредбите кои ги даде Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина со Одлуката од 25 март 2020 година се покажа потребно да се усогласат претстојните литургиски славења кои ќе ги предводи Светиот Отец Фрањо, како распоредот на славењата така и во поглед на учеството, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Светиот Отец ќе ги слави обредите во Великата седмица на Олтарот Катедра (Altare della Cattedra) во базиликата Свети Петар според следниот распоред и без присуство на народ.

На Велики Четврток, 9 април ќе служи света Миса Вечера Господова во 18.00 часот. На Велики Петок, 10 април во 18.00 часот Папата ќе ги предводи Обредите на маката Господова.

Крстниот пат ќе се одржи во 21.00 часот во тремот на базиликата Свети Петар наместо на Колосеумот каде секоја година се собираат повеќе од илјада ходочасници од целиот свет.

На Велика сабота, 11 април пасхалното бдение во светата ноќ ќе започне во 21.00 часот.

Во Недела Воскресение Господово, папата Фрањо во 11.00 часот ќе служи света Литургија на празникот. На крајот од светата Литургија ќе го подели благословот Градот и светот (Urbi et orbi).

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот