Среќата се пронаоѓа во слободното себедарување за другиот

Среќата се пронаоѓа во слободното себедарување за другиот

Среќата се пронаоѓа во слободното себедарување за другиот – е пораката на папата Фрањо на молитвеното бдение на 8 април 2017 година во базиликата Света Марија Велика, со кое го отвори Светскиот ден на млади кои во бискупиите во цел свет се одбележува на 9 април 2017 година, на Цветници.

Станува збор за прва средба на Светиот Отец со младите на патот на подготовката за Епископската синода за млади која ќе се одржи во октомври 2018 година и за 34. Светски ден на млади кој ќе се одржи во 2019 година во Панама.

Папата истакна дека претстојната епископска синода е патување кое браќата епископи и тој сакаат да го преземат заедно со младите, но тие треба да бидат нивни водичи. Младите се во фокусот на синодата и никој не треба да биде оставен настрана, туку сите млади имаат право да бидат придружувани во нивната потрага по смислата. Тоа е синода за младите и сите меѓусебно мораме да се слушаме – рече папата Фрањо и продолжи: Секоја млада личност има нешто да му каже на другиот, на возрасните, на свештениците, монасите и монахињите, на епископите и папата – сите вас ние мораме да ве слушаме!

Младите во цел свет со соочуваат со многу предизвици – невработеност, недостаток на пристап до образование, војна, општетсвена маргинализација. Според младите често се однесувало и се однесува како со отпад. Но изолирањето и пасивноста исто така претставуваат опасност за младите. На светот денес му се потребни млади кои неуморно ќе одат напред, чиј поглед е насочен кон иднината. Светот може да се промени само тогаш ако младите се движат – рече Папата.

Намерата на Црквата, на синодата е да ги слуша младите: што мислат, чувствуваат, сакаат, нивните критики… На Црквата ѝ треба повеќе пролет, а пролетта е годишно време на младоста – истакна папата Фрањо, Затоа тој сака синодата и Светскиот ден на млади во Панама во 2019 година да донесат конкретни резултати, да не остане само на зборови.

Светиот Отец истакна дека не е доволно да се прашуваме „кој сум јас?“, туку вистинското прашање гласи „за кој сум јас?“ Папата на младите на крајот им даде „домашна задача“ за Светскиот ден на млади во 2019 година во Панама: да се грижат за дедовците и бабите, да разговараат со нив затоа што денес од било кога ни е потребен тој мост, дијалогот помеѓу старите и младите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот