Сретение Господово

Сретение Господово

Денес Црквата го слави празникот Очистување на Пресвета Богородица, кој од христијанскиот исток е наречен Сретение Господово.

Овој празникк се нарекува со различни имиња, од кои секој потсетува на настанот на овој ден во кој Светото Семејство ни даде пример на најсовршената послушност.

Севишниот во Стариот Завет беше предодредил секој првороден син Нему да му биде посветен, во сеќавање за доброто кое му го направи на својот народ, кога сите првороденци на Египќаните починале под мечот на ангелот на смртта, додека ги поштедил оние на Евреите.

Додека пак друг закон велеше дека секоја Еврејка треба да се претстави во храмот за да се очисти, четириесет дена по раѓањето на бебето, или пак осумдесет дена, доколку родила ќерка, носејќи неколку жртви за жртвување заради благодарност и нејзино опростување.

Иако Марија не била обврзана на законот за прочистување, бидејќи таа е секогаш Пречиста Дева, сепак поради понизност и послушност сакала да отиде како и другите.

Марија го изврши она според вториот закон каде го претстави и го принес својот Син на Вечниот Отец; но го принесе на поинаков начин за разлика од останатите мајки кои ги принесувале нивните синови. Додека за другите мајки тоа било едноставна церемонија, без да се плашат да ги принесуват нивните синови кон смртта, Марија навистина го принесе Исуса во жртва на смртта, бидејќи Таа беше сигурна дека жртвата која тогаш ја принесувала требало еден ден да се исполни на олтарот на крстот.

Кога пристигнале во храмот во пресрет им дошол еден преподобен старец по име Симеон, човек праведен и побожен, кому Светиот Дух му беше ветил дека нема да умре пред да го види Спасителот на светот. Просветлен од небото го препозна дека Синот на Марија беше токму оној кого е очекуван од народите. Кога го зема во рацете со ентузијазам на благодарност извика: „Сега го отпушташ Својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои…“:потоа ги благослови родителите на Младенецот велејќи ѝ на Марија: „Еве, Овој лежи за паѓање и подигање на  мнозина во Израилот, а и на тебе самата меч ќе ти ја прободе душата“.

Марија поучена од Светото Писмо беше веќе ги предвидела сите болки кои требаше нејзиниот Син да ги претрпи, и во зборовите на Симеон доби болна потврда.

Марија на сѐ се согласи и со извонредна јакост го принесе Исус на Вечниот Отец, но нејзината душа во овој момент беше ранета како од еден меч.

Откако завршиле со принесувањето пропишано според Господовиот закон, Марија и Јосиф се вратиле во Галилеја, во нивниот град Назарет. А детето растеше и се зацврстуваше полно со мудрост, и милоста Божја беше со Него.

Марија поради послушност сакаше да го исполни она што законот го велеше, иако не беше обврзана. Исто така и ние да научиме од неа да бидеме послушни на сите закони, затоа што, како што вели Светото Писмо, послушниот човек со себе ќе си ја однесе победата.

МОЛИТВА: Семоќен и вечен Боже, понизно Те молиме, како што Твојот Единороден Син денес беше претставен во храмот во материјата на нашето тело, така направи и ние да бидеме претставени пред Тебе со чисто срце.

Светец на Денот/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот