Средба на млади од Струмица, Нова Маала и Чанаклија

Нова Маала, 13.6.2013 /к.мк/ – Во среда 12 јуни во Нова Маала се одржа средба на млади од Струмица, Нова маала и Чанаклија, која е подготовка на младите од овие парохии за Светскиот ден на млади. Средбата започна со молебен до Пресвето Срце Исусово, а заврши со песна изведена од Македонка Ичева.

Парохот о. Спасо Ристов говореше на тема: „Сине/ќерко, кога ќе ослепиш, тогаш ќе прогледаш“, се обиде да ја доближи реалноста до младите со помош на Божанка Ристова.

Богословот Зоран Ангелов заедно со група на млади презентираа уште едно предавање на тема поврзано со христијанската љубов и служењето.

Дружењето на младите продолжи во парохиската сала.(с.р.)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<