Средба на млади во Секирник

Секирник, 09.06.2013 – Во недела 9 јуни во Црквата Свети Никола – Секирник се одржа средба на млади во пресрет на Светскиот ден на младите. На средбата учество зедоа млади од Петралинци, Радово, Сушица и Секирник. Програмата беше реализирана од младите од Секирник и Сушица со помош на нивниот парох отец Ѓорги Динов. Средбата започна во црквата со  заедничка молитва кон Пресвета Богородица. Потоа младите од Секирник преку видео клип ја презентираа историјата на Светскиот ден на младите. Отец Ѓорги Динов одржа катехеза, за тоа како треба да се живее верата во секојдневието. По завршување на предавањето се разви дискусија меѓу младите, а не беа заобиколени и актуелните теми меѓу кои и за абортусот.

Средбата заврши во парохиската сала и црковниот двор разменувајќи мислења и искуства за прашања поврзани со верата и христијанскиот живот.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<