Спасението на душите е целта на секое пасторално делување

Спасението на душите е целта на секое пасторално делување

Спасението на душите треба да биде целта на секое пасторално делување – истакна Светиот Отец во говорот до епископите кои учествуваат на стручниот курс за новата постапка за брак, на 18 и 19 ноември 2016 година.

Курсот е организиран под покровителство на Апостолскиот суд на Римската Рота. Судовите не треба да го заборават аспектот на милосрдието, а никогаш не треба да сметаат дека оние чиј брак пропаднал е непознат на Телото Христово – рече Папата.

Треба да се биде верен на евангелското навестување, но и способен да се актуализира Исусовата порака вистински, а не сликовито да се одговори на потребите и прашањата на денешниот човек, рече Папата на средбата со епископите на Римската Рота и потсети на целта на секое пасторално делување. Цитирајќи го Првото Послание на свети Петар потсети на нивната обврска со духот на служење да бидат верни на големата одговорност на која се повикани:

Пасете го стадото, но не затоа што мораш, туку доброволно, не заради срамниот интерес, туку со великодушен дух, не како господари на луѓето, туку како примери за наследување. Од тој аспект треба одлучно да се отстрани секоја световна пречка која на голем број верници им го отежнува пристапот до црковните судови. Економските и организациските причини не можат да бидат пречка за да се провери канонската валидност на некој брак – рече Папата.

Спасение на душата конечна цел на пасторалното делување

Осврнувајќи се на односот помеѓу правдата и милосрдието, Папата реле дека црковните судови не треба да го занемарат „врховниот закон на Црквата“ највозвишеното добро: спасението на душите. Тоа пак треба да биде целта на Законикот на канонското право, последниот збор кој го надминува само правото, покажувајќи го аспектот на милосрдието – рече Светиот Отец.

Во Црквата никој не треба да се смета за странец

Црквата е мајка која сите ги прифаќа и љуби. Таа се овоплотува во болните случувања на Божјиот народ, се наведнува над сиромашните, далечните и сите кои се чувствуваат исклучени заради пропаѓањето на нивната брачна врска. Затоа никој од тие ранети браќа не треба да се сметаат за страно Тело Христово кое е Црквата. Повикани сме да не ги исклучиме од своите пасторални грижи, туку со најголема грижа и милосрдие да се посветиме на нив и на нивната нерегулирана и болна состојба – рече папата Фрањо.

Да го слушаме плачот на оние кои ја бараат вистината за бракот

Присутните епископи кои доаѓаат од разни земји и културни контексти, а кои се соочуваат со бројни предизвици, Папата ги поттикна скапоцено да го набљудуваат она што овие денови го научија за поефикасно да можат да ја извршуваат својата служба, посебно погледите на „новата постапка за брак“, барајќи решение и „не секогаш лесни насоки.“ Доверете се на сигурната поддршка на Светиот Дух кој невидливо, но вистински ја води Црквата. Да се молиме на Господ за вас и за Петровиот наследник за да можат да одговорат великодушно и понизно на крикот за помош на голем број наши браќа и сестри кои треба да ја откријат вистината за својот брак и за својот животен пат – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот