Сочувство на папата Фрањо: Елизабета Втора, пример за посветеност

Сочувство на папата Фрањо: Елизабета Втора, пример за посветеност

Папата Фрањо се спомена на кралицата Елизабета и нејзината неуморно служење за доброто, а во телеграма испратена во четврток вечерта, 8 септември 2022 година, изразува сочувство и вети молитви за кралицата и за големите одговорности на кои е повикан новиот крал Чарлс Трети.

Длабоко тажен поради веста за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, изразувам искрено сочувство до вашето височество, членовите на кралското семејство, народот на Обединетото Кралство и Комонвелтот – му напиша папата Фрањо на Чарлс Трети, новиот англиски крал, во моментот кога целиот свет ја оплакува смртта на кралицата.

Со задоволство им се придружувам на сите оние кои ја оплакуваат покојната кралица – пишува Папата – во молитвата за вечен покој и оддавајќи почит за нејзиниот живот во неуморната служба за доброто на нацијата и Комонвелтот, нејзиниот пример за посветеност на должноста, нејзинато одлучувачко сведоштво за верата во Исус Христос и цврстата надеж во неговите ветувања.

Доверувајќи ја нејзината благородна душа на милосрдната добрина на нашиот небесен Отец, ги ветувам на Вашето Величество моите молитви, Семоќниот Бог да ве поддржи со својата непоколеблива благодат додека вие сега, како крал, ги преземате вашите високи одговорности. На вас и на сите кои го чуваат споменот на вашата покојна мајка, повикувам изобилството на Божји благослов како залог на утеха и сила во Господа – стои во телеграмата на Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот