Сочувство на Папата за убиениот италијански амбасадор

Сочувство на Папата за убиениот италијански амбасадор

Папата Фрањо на 23 февруари вечерта испрати телеграма со сочувство до италијанскиот претседател Серџо Матарела по повод убиството на италијанскиот амбасадор Луче Атанаси во нападот во ДР Конго.

Во нападот на конвој на Светската програма за храна (WFP) убиени се и еден италијански полицаец и возач од Конго објавија светските агенции на 22 февруари. Во телеграмата со сочувство, Папата изрази длабока тага за веста за жртвите, која ги нарече слуги на мирот и изрази сочувство до нивните семејства, дипломатскиот кор и полицијата.

Тој му оддаде признание на амбасадорот Атанасиј како примерен сведок и извонредна личност и христијанин кој беше посветен на создавање братски и срдечни односи за воспоставување мир и хармонија во срцето на таа африканска земја. Меѓу другото, Папата посочи дека убиениот италијански карабинер Виторио Јаковачи, „стручњак кој служел великодушно“, се подготвувал да основа семејство.

Светскиот Советот на црквите исто така изрази сочувство до семејствата на жртвите, осудувајќи го нападот како акт на бесмислено насилство врз оние „кои сакаа да помогнат во ублажување на гладот на луѓето“.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот