Сочувство на Папата за разорниот земјотрес во Сирија и Турција

Сочувство на Папата за разорниот земјотрес во Сирија и Турција

Папата Фрањо испрати телеграми до нунцијот Зенариј во Сирија и Солчински во Турција, изразувајќи сочувство за жртвите од силниот земјотрес што минатата ноќ ги погоди тие две земји. Светиот Отец ги вети своите молитви за починатите и нивните семејства, а посебни мисли им испрати на оние кои се вклучени во спасувањето и помошта

Папата Фрањо, кој вчера се врати од патувањето во Африка, изрази длабока тага за загинатите и повредените илјадници луѓе во силниот земјотрес што ја погоди областа Кахраманмарас, меѓу Турција и Сирија. Последните податоци говорат за повеќе од 2.300 загинати, кои загинале под урнатините предизвикани од постојаното тресење на земјата кое започна во понеделникот ноќта во 2.17 часот, а кое нанесе и непроценлива штета на културното наследство. Двата најсилни земјотреси достигнаа магнитуда од 7,8 и 7,5 степени.

Мисли за Турција

Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, а упатена до нунцијот во Турција, надбискупот Марек Солчински, папата Фрањо изразува длабока тага за огромната загуба на човечки животи предизвикани од земјотресот во југоисточниот дел на земјата. Светиот Отец ја вети својата духовна близина со сите погодени од таа несреќа, а починатите ги доверува на нежната милост на Семоќниот, изразувајќи сочувство до оние кои жалат за нивната загуба. Посебни мисли упати кон спасувачките тимови, кои моментално се активни меѓу урнатите згради и градовите срамнети со земја, да бидат поддржани со божествени дарови.

Молитва за Сирија, која долго време страда

Папата Фрањо со исти чувства му се обрати на нунцијот во Дамаск, кардиналот Марио Зенари. Во оваа телеграма, исто така потпишана од кардиналот Паролин, Папата вели дека е длабоко тажен поради загинатите во земјотресот што го погоди северозападниот регион на Сирија. Тој упатува силни молитви за душите на починатите и за сите оние кои жалат по нив, а луѓето погодени од таа несреќа му ги доверува на Севишниот. Тој повторно упати посебна молитва до персоналот на спасувачките служби, вклучени во пружањето помош во овие моменти, и во знак на неговата духовна солидарност, моли за Божји благослов на сила и мир, за сирискиот народ, кој долго време страда.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот