Состанок на Кардиналскиот совет

Состанок на Кардиналскиот совет

Во понеделник, 21 февруари 2022 година, во присуство на Светиот Отец Фрањо започна нов состанок на Кардиналскиот совет, стои во краткото соопштение на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Се очекува една од главните теми на средбата да биде Апостолската контситуција „Praedicate evangelium“, која треба да ја замени сегашната Апостолска конституција „Pastor Bonus“ од Иван Павле II, кој е на сила од 28 јуни 1988 година. Меѓу различните теми што ќе содржи новиот документ се некои од посебна важност: Римската курија во служба на Светиот Отец и партикуларните Цркви; пасторалниот карактер на активностите на Куријата; основање и функционирање на Трето одделение на Државниот секретаријат; навестување на Евангелието и мисионерскиот дух како перспектива која ја карактеризира работата на целата Курија.

Кардиналскиот совет е основан од папата Фрањо за да му помогне во управувањето со општата Црква и да ги разгледа нацрт измените на Апостолска конституција за Римската курија „Pastor Bonus“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот