Состанокот на Кардиналскиот совет се одржа преку интернет

Состанокот на Кардиналскиот совет се одржа преку интернет

Во вторник 1 декември 2020 година во попладневните часови се одржа планираниот состанок на Кардиналскиот совет. Поради здравствената ситуација состанокот е одржан преку интернет, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

На состанокот учествуваа кардиналите Оскар А. Родригез Марадијага, Рајнхард Маркс, Шон Патрик О’Мали, Освалд Грацијас и Фридолин Амбонго Бесунгу, како и Пиетро Паролин, Џeузепе Бертело и секретарот на Кардиналскиот совет, архиепископот Марко Мелино, кои беа поврзани од Ватикан.

На состанокот преку видео врска во живо од Домот Света Марта учествуваше и Светиот Отец

По краткиот поздрав од страната на папата Фрањо, на учесниците им беше претставен новиот член на Кардиналскиот совет, кардинал Амбонго Бесунгу, надбискуп на митрополијата Киншаса и се понудени некои прилози за животот на Црквата од различни континенти, посебно во денешните здравствени услови.

Секретарот на Советот во кратки црти ги образложи преземаните чекори при изработката на новата апостолска конституција, додека во меѓувреме се проучуваат забелешките, дополнувањата и предлозите, кои пристигнаа во последните месеци од повеќе дикастерии.

Следниот состанок е закажан за февруари наредната година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот