Соопштение од состанокот на Кардиналскиот совет

Соопштение од состанокот на Кардиналскиот совет

Состанокот на Кардиналскиот совет е одржан од 17 до 19 февруари 2020 година – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол

На состанокот учествуваа кардиналите Пиетро Паролин, Оскар Марадијага, Рајнхард Маркс, Шеан Патрик О’Малеј, Џузепе Бартело и Оскар Грацијас. Со кардиналите беа и секретарот на Кардиналскиот совет монс. Марсело Семераро и заменик секретар монс. Марко Мелино.

Светиот Отец присуствува на сите состаноци освен во среда претпладне заради Генералната аудиенција. Последниот состанок е одржан во среда 19 февруари попладне со присуство на папата Фрањо.

Текстот на новата апостолска конституција, поправен во светло на предлозите кои ги дадоа Римската курија и некои стручњаци, беше предмет на детално читање и ревизија од страна на Кардиналскиот советот. Разгледани се исто така и некои предлози кои пристигнаа последните недели од кардинали резиденти во Рим.

Разгледувањето на текстот ќе продолжи на следниот состанок во април оваа година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот