Солидарност на папата Фрањо со населението во Замбија кое гладува

Солидарност на папата Фрањо со населението во Замбија кое гладува

Папата Фрањо подари 100.000 евра на епископите на таа африканска земја во која според податоците на Организацијата на Обединетите нации два и пол милиони луѓе стрдаат заради хроничен недостаток на храна. Во јули преку Апостолската нунцијатура се испратени респиратори и хирушки маски за заштита од болеста Ковид-19.

Чукајте и ќе ви се отвори вели Исус во Евангелието. Тоа буквално го направи претседателот на епископите на Замбија монс. Џорџ Космас Зумаире Лунг натажен од состојбата во која се наоѓаат милиони негови сонародници кои гладуваат заради прехранбената криза која Обединетите нации ја нарекоа криза од „невидени размери“, а кои и покрај тоа мора да се борат и со коронавирусот. Вратата на која епископот Лунг неодамна чукна беше вратата на папата Фрањо која ја отвори дарувајќи на локалната Црква 100.000 евра за најитните потреби на најсиромашните.

Тој гест на Папата преку фејсбук страницата на епископите на Замбија го објави генералниот секретар на Епископската конференција на Замбија, отец Клеофас Лунг. Меѓу бројните барања кои папата Фрањо ги прими одлучи да одговори на барањето од Замбија – стои во пораката. Парите преку бискупијата ќе бидат распределени на оние во најголема потреба, посебно на оние кои стрдаат заради неодамнешните суши и поплави. Станува збор за двојна криза која во тој крај трае од февруари.

Освен тоа за да се соочи со последиците од пандемијата на таа земја папата Фрањо при крајот на јули преку Апостолската нунцијатура испрати три респиратори и повеќе илјади хирушки маски и производи за хигиена. Благодарение на таа великодушност спасени се многу животи – пишува отец Лунг.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот