Совршенството на швајцарските часовници

Се наоѓав на конгрес во Швајцарија во чија програма и самиот учествувам.

За време на мојот говор на повеќе наврати бев принудуван да прашувам за времето, за да знам кога да ја најавам паузата помеѓу двата дела од моето излагање. Од кога користам мобилен телефон, не носам часовник.

Заминувајќиoд Женева, на аеродромот забележав продавница со часовници со најразлични цени. По искуството низ кое минав, спонтано ми дојде да ја искористам оваа прилика за да купам оригинален швајцарски часовник.

Речиси го направив мојот избор, но кога повторно се запрашав констатирав дека конгресите на кои сум повикуван се толку ретки, па затоа подобро е со тие пари да купам играчка за детето од семејство чија моментна состојба многу добро ми е позната.

Дома стигнав ноќта. Ме пречека пакет од еден пријател во кој помеѓу другите подароци здогледав … и еден чассовник!

И тоа не било каков часовник, туку часовник со многу функции!

Неколку месеци потоа, за време на една роденденска прослава, им раскажав на присутните семејства за подарокот и им го дадов часовникот да кружи меѓу нив. Кога дојде во рацете на Иван, славеникот, восхитен прошепоти: „од секогаш сум сакал ваков часовник“. Му одговорив дека часовникот е негов, тоа е мојот подарок за него. Удвоена радост и аплауз за часовникот!

Откако поминаа неколку недели, Иван ми телефонира: „Треба да ти раскажам уште една приказна. Часовникот продолжува да „восхитува“! Јас не сум го исклучил сигналот во 12 часот што ти си го наместил за тајм – аут, како потсетник дека треба да молиш за мир. Денес јас имав важен состанок со еден клиент кој дојде во нашата фирма. Додека си заминуваше во рацете ми стави плик. Одбив да го прифатам. Го уверив дека работата ќе биде добро завршена и дека не ми се потребни „охрабрувања“.

Забележав дека клиентот се навреди. Како одеднаш да станав негов непријател кој го гледа од горе до долу. Не бев подготвен за ваква реакција. Не знаев како да ја поправам таа навреда. Засрамувачка навреда. Во тој момент заѕвони за тајм аут. Овој повик и донесе вистински став на мојата душа. На клиентот му го објаснив значењето на овие планетарни молитви и во тишина заедно молевме за мир во земјите во кои има војни. Во тој момент ми дојде една идеја: на клиентот му раскажав дека едно семејство кое го познавам, минува низ тешки моменти. Таткото е тешко болен и имаат големи дополнителни трошоци. Доколку сте согласен, можете ним да им ја дадете содржината на пликот. Клиентот, заинтересирано, бараше подетални информации. На крај ми подаде уште банкноти за да ги додадам во пликот. Можете само да ја замислите радоста на семејството, но и мојата. Кога ме прашаа кому треба да му заблагодарат, им реков на – часовникот! Го завршивме телефонскиот разговор со заеднички заклучок дека „швајцарските“ часовници се навистина совршени.

Категорија: Сведоштва

За авторот