Советот на кардинали изрази солидарност со папата Фрањо

Советот на кардинали изрази солидарност со папата Фрањо

На 10 септември 2018 година во Ватикан започна работната сесија на Кардиналскиот совет (C9) на која членовите на Советот изразија солидарност со папата Фрањо во врска со неодамнешните случувања.

Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол се напоменува исто така дека Светиот Престол ќе ги даде можните потребни објаснувања.

Советот на кардинали изрази целосна солидарност со папата Фрањо заради настаните кои се случија последните недели, свесни дека во тековната дебата Светиот Престол ќе ги даде евентуалните и неопходни објаснувања – објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

На 10 септември 2018 година советот го одржа првиот состанок од 26. работна сесија, подготвувајќи се да го предаде на Светиот Отец предлогот за реформата на Римската курија, составен во првите пет години од работењето, и од аспект на продолжување со работата, одлучи да го замоли Папата за мислење за работата, структурата и составот на самиот совет, земајќи ја в предвид и поодминатата возраст на некои членови на советот.

Советот исто така изрази задоволство од успехот на IX. Светска средба на семејства во Даблин и му честиташе на кардиналот Кевин Фарел и Дикастеријата за лаици, семејство и живот кои заедно со надбискупот Дијармуид Мартин го организираа тој настан – стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот