Смирено срце

Смирено срце

Христијаните познаваат три изрази на молитва: усна молитва, размислување и контемплација. Заедничкото на сите три молитви е: да се има смирено срце.

Совршената форма за усна молитва е Оче наш. Контемплативната молитва света Тереза Авилска ја дефинира како близок пријателски однос „во кој честопати се задржуваме насамо со Оној кој знаеме дека нас нè љуби“. Според учењето на Катехизмот на Католичката Црква размислувањето е „молитвено размислување кое пред сè поаѓа од Божјите зборови во Светото Писмо“.

Усната молитва лесно станува мрморење (брборење)

Од ова тролисно молење, со кое најлесно може да се постигне смирено срце? Усната молитва, честото повторување на Оче Наш и Радувај се Маријо, многу лесно може да се претвори во мрморење. Устата се одвојува од умот и од срцето и по навика се повторуваат само зборовите, а имагинацијата – фантазијата лета на сите страни. Катехизмот на Католичката Црква за усната молитва вели „внатрешната молитва на срцето го придружува и телото“. За жал, честопати се случува телесно да се молиме додека пак внатрешната молитва се гаси. Тоа е кога автомобилот продолжува да оди и кога моторот е изгаснат. Тоа не е добро, но модерниот христијанин, со забрзано тело и забавен дух, често празно (несобрано) и расеано моли. Па, како „да се исполни“ испразнетата усна молитва? Мора да ни помогне другиот израз на молитвата, а тоа е размислувањето.

Размислувањето ги придвижува душата, срцето и умот

Катехизмот на Католичката Црква вели дека размислувањето ги придвижува: мислите, имагинацијата, чувствата и желбите – за да се продлабочи нашата вера, срцето да се преобрати и да се зацврсти волјата за да го следиме Христос. Ние –кои сите сме трчи-летај, ние – на кои фантазијата ни стана безобразен дворски шут, ние – чии чувства летат горе доле по триста пати на ден и ние – чии желби се подгреани до дезориентација, затоа сите ние имаме голема потреба од милоста која доаѓа одозгора. Молитвеното размислување за Божјото Слово содржано во Светото Писмо ја поттикнува душата, срцето и умот. Која е целта на христијанскиот живот? Да го љубиме Господ Бог со сето срце, со сета душа и со сиот разум! Оној кој не го љуби Христа е проклет! Катехизмот на Католичката Црква вели дека размислувањето за Божјото Слово во Светото Писмо претходи на соединување во љубовта со Господ.

Земи и читај

Седни и побожно читај го Светото Писмо! Тоа ја продлабочува верата! Тоа го преобраќа срцето! Тоа ја зацврстува волјата! Тоа вели мудрата мајка Црква! Тоа го знаеме од светата црковна историја. Свети Амврозиј тивко го читал Светото Писмо и од Словото Божјо ја црпел силата на Светиот Дух. На светиот Августин ангелите му довикнувале: земи и читај, земи и читај! Тој го земал Светото Писмо и започнал да го чита Посланието до Римјаните и во тој момент се случила голема работа: добил вера и неговото немирно срце почнало да се смирува. Во него влегува Светлото кое му овозможило да ги среди сите негови мисли и чувства. Го допрела убавината, така стара и така млада, и го подигнала да биде лице на Добриот Пастир.

Земи и читај! Земи и читај! Ѓаволите ја напуштат душата која се храни од Словото Божјо. Божјите зборови ја исчистуваат фантазијата од блудство и ја претворат во фантазија на љубење (свети Иван Павле II). Фантазијата е од Бога. Таа е дар Божји. Бог неа ја создаде за да не ни биде досадно во искажувањето на љубовта. Таа ни помага да се облечеме со љубовта и да ја искажеме нејзината убавина. Тоа ја прави фантазијата натопена во Божјото Слово. Фантазијата која ја храни нашата незаситена маќеа телевизијата или мрачната баба-грижа, истите нас нè водат кон разделување и смртност, а не кон соединување со Господовата љубов!

Нашето срце гори

Кога (лично) го читаме Светото Писмо самиот Бог ни говори. Целото Свето Писмо е Божјо вдахновение! Тоа е вдахновено и вдахнува. Воскреснатиот Христос на неговите апостоли им ги толкувал Писмата. Секој збор е кажан навреме за да ги излечи раните. (Мак Диздар). Словото Божјо е чекан кој ја разрушува тврдината. Тоа е како огнот кој се вовлекол во нашите гради. Зарем не ни гореа срцата кога по пат Тој ни го толкуваше Писмото? Зар нашето срце не се смируваше? Тоа беше расеано од безбројните идеи и желби, но Словото Божјо во него се излеа. Чувставата ни беа избезумени додека Словото не ги насочи кон Оној за кој знаеме дека Тој сите нè љуби.

Земи и читај! Земи и читај!

дон Шимун Долјанин/Жена Врсна/к.мк/о.Ѓ.Појразов

Категорија: Вера, Духовност

За авторот