Слонови на пречекот на папата Фрањо во Шри Ланка

Дури 40 слонови беа вклучени во програмата за пречекот на папата Фрањо кој дојде во апостолска посета на Шри Ланка.

Слоновите пристигнаа од будистичките храмови во Коломбо, беа свечено облечени и меѓу првите се поздравија со Папата кој се возеше во отворениот папамобил.

Слоновите веќе 2000 години се важен дел од војската на Шри Ланка, а традицијата е продолжена и под британската колонијална власт. Исто така имаат важна улога и во верските обреди на народот.

Во Шри Ланка слонот е најголем од трите подвидови на азискиот слон и може да порасне во висина и до три метра и да тежи повеќе од 5,5, тони.

Во својот поздравен говор во ова претежно будистичка земја, Папата ја нагласи важноста на градење на мирот и почитувањето меѓу религиите.

„Кога луѓето отворено и понизно се слушаат едни со други, нивните заеднички вредности и стремежи стануваат сѐ повидливи“, рече Светиот Отец.

Лаудато/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот