Слово за живот за ноември 2017

Слово за живот за ноември 2017

Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга“ (Матеј 23,11)

Исус му се обраќа на мноштвото кое го следело навестувајќи го новото во животниот стил на луѓето кои сакале да бидат негови ученици, а тој стил се противел на општата струја на раширениот менталитет. Во негово време, како и денес, било лесно да се морализира, а потоа да не се живее доследно и за себе да се бараат престижни места во општеството, начини како да се истакнат и како да се искористат другите луѓе за добивање сопствена корист. Од своите ученици Исус бара сосема поинаква логика во односите со другите луѓе, онаа која и тој самиот ја живеел:

Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга“

На една средба со луѓе кои сакаа да откријат како да го живеат евангелието Кјара Лубик на следниот начин им го изнесе своето духовно искуство:

„Погледот секогаш треба да се насочува кон единиот Отец, Отец на бројните деца. А потоа сите созданија да се гледаат како деца на единиот Отец… Исус, нашиот пример, нé научи на две нешта кои всушност се едно: да бидеме деца на единиот Отец и браќа и сестри едни со други… Бог затоа нé повика на сеопшто братство.“

Еве новост: да ги љубиме сите како што тоа го правеше Исус, затоа што сите се – како мене, тебе, секоја личност на овој свет – сите сме деца Божји кои Тој отсекогаш ги сака и ги очекува.

Така откриваме дека братот кој треба да го љубиме конкретно е секоја личност која секојдневно ја среќаваме. Тоа е таткото, свекрвата, малото дете и она бунтовното; затвореникот, просјакот и инвалидот; шефот и хигиеничарката; колегата од партијата и оној кој има поинакви политички уверувања, личноста од истата вера и култура како и странецот. Типично христијански став како да го љубиме братот е служењето.

Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга“

Продолжува Кјара: „Постојано да се тежнее кон евангелското првенство давајќи сѐ што е можно повеќе во служењето на ближниот […] А кој е најдобар начин за служење? Да се изедначиме со секоја личност што ќе ја сретнеме, да ги почувствуваме во себе нејзините чувства: да ги решаваме како да се наши, а станале наши по љубовта […]  Да не живееме повеќе насочени кон себе самите, туку да настојуваме да ги носиме бремињата на другите и  да ги делиме нивните радости.

Секоја наша позитивна способност и секој квалитет што го имаме, сето она заради што можеме да се чувствуваме „големи“, е прилика за служење која не смееме да ја изгубиме: работно искуство, уметнички сензибилитет, култура, но и способност да се смееме, време кое можеме да го даруваме за да слушаме некого кој е во сомнеж или во болка, со младешки сили, но и со силата на молитвата, кога онаа телесната ќе исчезне.

 „Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга“

Таа евангелска љубов која е без интерес, порано или подоцна во срцето на братот ќе ја запали истата желба за делење, обновувајќи ги односите во семејството, во парохијата, на работните места и во местата за забава, поставувајќи ги темелите на новото општество.

Момчето Хермез од Блискиот исток раскажа: „Беше недела. Веднаш штом се разбудив го замолив Исус да ме просветли како да љубам во текот на целиот ден. Забележав дека моите родители отидоа на Миса и помислив дека можам да ја исчистам куќата. Настојував да го средам секој детал, дури и цвеќе ставив на масата! Потоа подготвив појадок. Кога се вратија, родителите беа изненадени и пресреќни кога видоа што сум направил. Таа недела појадувавме радосни како никогаш до тогаш. Разговаравме за многу нешта и морав со нив да споделам бројни искуства кои ми се случуваа во текот на седмицата. Тој мал чин на љубов му даде тон на еден прекрасен ден!“

Летиција Магри

Категорија: Вера, Духовност

За авторот