Слово за живот, декември 2018

Слово за живот, декември 2018

Радувајте се секогаш во Господа“ (Филипјани 4,4)

Апостолот Павле ѝ пишува на заедницата во градот Филипи, додека и тој самиот го живее прогонството кое му создава големи проблеми. На тие свои драги пријатели тој сепак им советува, уште повеќе, дури им заповеда, секогаш да се радуваат.

Но може ли да се упати ваква заповед?

Гледајќи околу себе, често не наоѓаме причини за спокој, а уште помалку радост!

Во животните грижи, пред општествените неправди и напнатостите меѓу народите голема работа е да се избориме со обесхрабреноста, да не дозволиме да нѐ прегазат и да не се затвориме во себе.

Сепак Павле и нас нѐ повикува:

Радувајте се секогаш во Господа

Во што е неговата тајна?

„[…] Постои причина зошто мораме секогаш да бидеме радосни, наспроти сите тешкотии. Христијанскиот живот сфатен сериозно доведува до тоа. Исус живее во нас во целост, а со него не можеме да не бидеме радосни. Тој е извор на вистинската радост, затоа што дава смисла на нашиот живот, нѐ води кон својата светлина, нé ослободува од секој страв, како во односот на минатото така и во односот на она што нé очекува, ни дава сила за надминување на сите тешкотии и искушенијата кои може да дојдат.“ [1]

Радоста на христијаниот не е само оптимизам, сигурност во материјалната благосостојба, таа не е како веселоста на младите луѓе кои имаат добро здравје. Таа првенствено е плод на личната средба со Бога во длабочината на срцето.

Радувајте се секогаш во Господа

Од таа радост, пишува Павле понатаму, произлегува способноста за срдечно прифаќање на другите, подготвеноста да се посвети време на личноста покрај нас.[2]

Уште повеќе, Павле во друга прилика силно ги истакнува Исусовите зборови: „Поблажено е да се дава, отколку да се зема“.[3]

Од дружењето со Исус произлегува и мир во срцето, кој единствен може да заблагодари на луѓето околу нас со својата сила што разоружува.

Неодамна во Сирија, наспроти големата опасност и неволјите предизвикани од војната, се собрала голема група на млади за да споделат искуства од живееното евангелие и да ја доживеат радоста на взаемната љубов. Се збогувале одлучни да сведочат дека братството е возможно.

Еден учесник напишал:

„Се редат приказни за големите болки и за надежта, за херојската вера во Божјата љубов. Некои изгубиле сé, некои ја гледале смртта на нивните најдраги […]. Големо е залагањето на тие млади за да поттикнуваат живот околу себе: организираат добротворни акции и во нив вклучуваат илјадници луѓе, обновуваат училиште и парк во центарот на едно село, но заради војната никако не можат да ја завршат таа работа. Нудат поддршка на десетици семејства бегалци […]. Во срцето повторно навираат зборовите на Кјара Лубик: ‘Христијанската радост е како зрак на светлина која сјае од солзата, како цвет кој расцветал на дамка од крв, како есенција на љубовта дестилирана од болка […] и затоа има апостолската силина на делче од рајот.’ [4] Во нашите браќа и сестри од Сирија наоѓаме сила на првите христијани кои во таа страшна војна сведочат доверба и надеж во Бог кој е Љубов, пренесувајќи им ја на нивните сопатници на животниот пат. Ти благодариме Сиријо, за таа лекција на живееното христијанство!“

Летиција Магри

[1] К. Лубик, Повик на радост, во Citta nuova 31(1987/22), стр. 11

[2] Сп. Фил 4,5;

[3] Дела 20,35;

[4] К. Лубик, Радост, Јубилеј на младите, Рим 12 април 1984

Категорија: Вера, Духовност

За авторот