Слово за живот, август 2020

Слово за живот, август 2020

Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос?“ (Рим 8,35)

Посланието кое свети апостол Павле го пишува на христијаните во Рим е со многу богата содржина. Во него ја искажува силата на евангелието во животот на секоја личност која го прифаќа, обраќањето кое го носи ова навестување: Божјата љубов нè ослободува!

Павле тоа го доживеал и сака за тоа да сведочи со зборови и пример. Таа негова верност на Божјиот позив ќе го доведе токму во Рим каде што ќе го даде животот за Господа.

Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос?“

Пред тоа Павле напишал: „Бог е со нас”. За него Божјата љубов кон нас е љубовта на Вереникот кој никогаш нема да ја напушти вереницата, за која слободно се врзел со нераскидлива врска и по цена на сопствената крв.

Бог не е судија, туку Оној кој стои во наша одбрана. Затоа ништо не може да не оддели од Него, после нашата средба со Исус, неговиот сакан Син.

Ниту една тешкотија, ниту голема ниту мала, со која може да се соочиме во себе и надвор од себе, не е несовладлива пречка за Божјата убов. И уште повеќе, вели Павле, оној кој има доверба во Бога и на Него се надева во такви ситуации е „супер-победник“!

Во ова наше време на супер-херои и супер-луѓе кои мислат дека ќе победат со ароганција и сила, евангелието предложува конструктивна благост и отвореност кон причините на другиот.

Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос?“

За подобро разбирање и живеење на овие Зборови, ќе ни помогне предлогот на Кјара Лубиќ: „Ние сигурно веруваме или барем велиме дека сакаме да веруваме во Божјата љубов. Сепак, … нашата вера честопати не е смела како што треба да биде во моменти на кризи, како што е болест или искушение. Многу лесно дозволуваме да бидеме опфатени со сомнежи. „Дали навистина е точно дека Бог ме сака?“, – се прашуваме. Но не, не смееме да се сомневаме. Ние мора да имаме безрезервна доверба, да се предадеме на Очевата љубов. Темнината и празнината што можеме да ги почувствуваме, мора да бидат надминати прегрнувајќи го крстот. И, тогаш, да се насочиме во љубов кон Бога исполнувајќи ја Неговата волја и во љубов кон ближниот. Ако го сториме тоа, со Исус ќе ги доживееме силата и радоста на воскресението. Со рацете ќе допреме колку е вистина тоа за оние што веруваат и се предаваат на Неговата љубов, која сѐ преобразува: негативното станува позитивно; смртта станува извор на животот, а од темнината продира прекрасна светлина “.

Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос?“

Тој што не престанува да верува во Божјата љубов носи зрак на човештво и во темната трагедија на војната. „Нашата земја Хрватска беше погодена од крвава војна. Војниците од фронтот дојдоа и во мојот ескадрон. Тие доживеаја многу трауми кога гледаа како роднините и пријателите умираат пред нивните очи. Сè што можев да направам беше да ги сакам еден по еден, колку што можев. Во многу ретки моменти на одмор, се обидов да разговарам со нив за она што го поживува човекот во такви моменти. На ред дојде да зборуваме и за Бога, затоа што многумина од нив не ја практикуваа верата. Во еден таков момент на слушање, им предложив да повикаме свештеник за да можеме да имаме Света литургија. Сите прифатија, а некои во таа прилика се исповедија по дваесет години. Можам да кажам дека Бог беше со нас“.

Летиција Магри

Категорија: Вера, Духовност

За авторот