Слово за живот, април 2023

Слово за живот, април 2023

Мислете за небесното, а не за земното (Колосјаните 3,2)

Првите христијански заедници штотуку се родија, а веќе се појавуваа конфликти поради лажните толкувања на евангелската порака.  Павле, кој бил во затвор, дознал за овие проблеми во Колоси, па ѝ пишува на оваа заедница.

 Словото за живот за овој месец може подобро да се разбере ако го прочитаме целиот фрагмент во кој тоа се наоѓа: „Затоа, ако воскреснавте со Христа, барајте го она горе, каде што е Христос кој, седи оддесно од Бога;  свртете ги вашите мисли кон работите одозгора, а не кон оние на земјата.  Зашто ти си мртов и твојот живот е скриен со Христа во Бога!“[1].

 За да ги надминеме овие контрасти, Павле нè повикува да ги свртиме нашите мисли, целото наше битие кон Христос кој воскресна. Всушност, при крштевањето и ние умревме и воскреснавме во Христа. Тој нов живот можеме да го живееме „веќе сега, но сè уште не“ во потполност.

„Мислете за небесното, а не за земното“

Очигледно оваа можност не се добива еднаш засекогаш, туку мора постојано да се бара во напорно патување кое трае цело постоење.  Тоа значи да ги насочиме нашите животи нагоре.  Всушност, Христос донесе небесен живот на земјата и неговата Пасха е почеток на ново создание, на ново човештво.  Ова би била логична последица на оние кои избираат да живеат според Евангелието: избор кој целосно го менува нашиот менталитет, го поништува поредокот, целите што ни ги нуди светот, нè ослободува од условувањата правејќи да доживееме радикална промена.  На крајот на краиштата, Павле не ги обезвреднува „земните работи“ затоа што, откако небото ја допре земјата со Воплотувањето на Божјиот Син, сè е обновено[2].

„Мислете за небесното, а не за земното“

„Што се тоа „горни работи“?“, пишува Кјара Лубик. „Оние вредности што ги донесе Исус на земјата и по кои се разликуваат неговите следбеници. Тие се сите оние доблести и богатства што ги нуди Евангелието. со нив и по нив, христијаните остануваат во својата реалност воскреснати со Христос.[…]

 И како да го насочиме срцето кон небото, притоа живеејќи во светот?  Оставајќи да бидеме водени од мислите и чувствата на Исус, чиј внатрешен поглед секогаш бил свртен кон Отецот и чиј живот во секој миг го рефлектирал Небесниот закон, кој е закон на љубовта“.[3]

„Мислете за небесното, а не за земното“

Присуството на христијаните во светот храбро се отвора за новиот живот на Велигден, тие се нови жени и мажи кои не се од светот[4], но живеат во светот со сите сегашни тешкотии. Вака се кажувало за првите христијани: „Тие живеат на земјата, но граќани се на небото.[…] Како што е душата во телото, така и христијаните се во светот“.[5]

Храбриот и целосно евангелски избор на работник кој решил да му помогне на својот колега кој штотуку бил отпуштен, предизвикал ланец од гестови на братство поттикнати од неговото сведочење.

„Во фабриката се случи отпуштање на работници. Еден од отпуштените беше и Јурај.  Знаејќи ја неговата тешка економска ситуација, го повикав да дојде со мене во кадровската служба. Им реков на одговорните: „Јас сум во поповолна ситуација од Јурај, мојата сопруга исто така работи.  Наместо него, отпуштете ме мене“.  Шефот вети дека ќе го разгледа неговиот случај.  Кога излеговме, Јурај ме прегрна целиот трогнат.  Нормално, оваа случка се пренесуваше од уста на уста и уште двајца други работници, во слична ситуација како мојата, се понудија да бидат отпуштени на местото на двајца други отпуштени работници.  Раководството беше принудено да го преиспита методот за отпуштања.  Откако парохискиот свештеник дознал за ова го раскажал овој настан за време на неговата неделна проповед, без да именува некого.  Следниот ден тој ми се јави и ми кажа дека две студентки дошле кај него да му ги донесат сите свои заштедени пари, да ги дарува за работниците кои се во потреба, изјавувајќи: „И ние сакаме да постапиме како тој работник“ (Б.С.–Бразил).

Текстот го подготвија Патриција Мацола и тимот на Слово за живот

[1] Koл 3,1-3

[2] Споредба 2. Кор. 5,17. „И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сѐ стана ново.“

[3] К. Лубик, Слово за живот, април 2001.

[4] Споредба Јов. 15,18-21.

[5] Послание до Диогнет 5,5-6,1;

Категорија: Вера, Духовност

За авторот