Слово Божјо за денес: Господовата револуција против конформизмот

Слово Божјо за денес: Господовата револуција против конформизмот

Од Светото Евангелие според Лука (12, 48-59)

48. Кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за казнување, ќе биде малку биен. Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е поверено повеќе, повеќе ќе се бара од него. 49. Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел. 50. Со крштавање треба да се крстам и колку Ми е мачно дури не се сврши тоа. 51. Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздвојување; 52. оти отсега, петина во една куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца; 53. ќе биде татко против сина си и син против татка си; мајка против ќерка си и ќерка против мајка си; свекрва против снаата своја и снаата против свекрвата своја.” 54. А на народот му рече: „Кога видите дека се крева облак од запад, тогаш велите: »Ќе врне дожд!« Така и бива. 55. А кога дува јужниот ветар, велите: »Ќе биде горештина!« Па така и бива. 56. Лицемери, лицето на небото и земјата умеете да го распознавате, а ова време како не го познавате? 57. Зошто и сами од себе не судите што е праведно?

  1. 58. Кога одиш со својот противник пред власта, гледај уште по патот да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на слугата и слугата да те фрли во затвор. 59. Ти велам, оттаму нема да излезеш, дури не ја дадеш и последната лепта.”

Секој ќе се согласи дека многу необични се овие зборови Господови кои ги слушаме во денешниот евангелски дел. Навикнавме да слушаме како тој зборува за правда, мир и љубов, а не за уништување и немири во меѓучовечките односи. И работата да биде поубава, тој не го утврдува фактот дека постојат спорни и проблематични ситуации, туку отворено признава дека токму Тој ќе биде причината за дополнителни немири на земјата, а посебно во семејствата, затоа што рече дека не дојде за да донесе мир, туку раздвојување. Наместо да ги смирува човечките односи, кои така се наелектрезирани, Тој зборува за тоа дека дошол за да фрли оган на земјата.

Треба ли Господ да се осуди за нарушување на јавниот ред и мир, затоа што и така кревките односи кои постојат во општетсвото и семејствата, тој дополнително ги нарушува, за разлика од општеството кое сесрдно се труди да се покаже со миротворно лице и да воспостави мирни односи?

Но, токму затоа што сето тоа ни делува збунувачко и многу необично да слушнеме такво нешто од Господ должни сме да преиспитаме што Тој сака да каже (…)

Треба да одговориме што тој сака да постигне изговарајќи ги тие зборови, и зошто навестува непријателство и немири во семејството? Како прво треба да имаме во предвид дека Тој не сака немири, непријателства и расправии, туку сака да донесе вистински мир на човекот, семејството и општеството. Меѓутоа таквиот мир треба и може да почива единствено на евангелските вредности, на Божјата вистина, правдата и љубовта, а луѓето најчесто не се подготвени за поместување кон таковиот мир. Тие повеќе го сакаат мирот на конформизот и прилагодувањето на општествените категории или пак навиките на мнозинството. Така наместо да живеат во согласност со вредностите, запаѓаат во просечност на животот задоволувајќи се да живеат како и сите останати луѓе. Но, Господ Исус знае дека таквиот привиден мир не е посебна вредност, ниту на него може да се гради семеен и општетсвен живот. Затоа што мирот на општеството не може да се гради на привидни и провизорни вредности, ниту на општествениот конформизам, туку само на вистинските вредности на духот кои извираат од Божјата вистина. Конформистичкиот мир во општеството не е мирот на луѓе кои имаат исти идеали и стремежи, согласно со Божјите императиви, туку тој е мир на човечката просечност, и не е вистински мир и не може д биде темел за човечката иднина.

Согласно на тоа Исус не сака заспиено христијанство, тоа кое го нарекуваме конформистичко, односно поистоветување со општетсвото во кое се живее. Не сака верниците во општетсвото да живеат делумно, туку да се држат за вистинските вредности и отворено да навестуваат и да сведочат, па и кога наидуваат на отпор од конформистите и оние кои не ја разбираат неговата логика. Па и во семејствата, Исус не сака верниците во името на конформизмот да ја жртвуваат јасната свест за тоа што е семејството и затоа да ги отфрлат Божјите вредности кои би требало да ги прегрнат и на кои треба да градат. (…)

д-р Иван Бодрожиќ/вера и дела/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот