Словачка со нетрпение ја очекува посетата на Папата

Словачка со нетрпение ја очекува посетата на Папата

Во неделата на 4 јули на крајот од пладневниот наговор папата Фрањо потврди дека во септември ќе ја посети Словачка. Тоа го најави во март во авионот на враќање од Ирак.

По потврдата за посетата на папата Фрањо на Братислава и уште три града во Словачка од 12 до 15 септември гласноговорникот на Епископската конференција на Словачка дон Мартин Крамара рече дека заради тоа се многу радосни и дека Папата ќе ја зацврсти нивната вера која е ослабната од консумеризмот и индивидуализмот.

Според зборовите на дон Крамара заради тоа што се мала земја не очекувале посета од Папата. Кога Светиот Отец го најави патувањето тоа беше навистина големо изненадување, голема радост затоа што навистина е потребен поттик за нашата вера – исакна за Ватикан њуз.

Меѓу современите предизвици во Црквата во Словачка дон Крамара ја истакна и секуларизацијата напоменувајќи дека на младите е тешко да им се објасни зошто е важно да се сочуваат корените и верата.

Освен главниот град Братислава, Папата ќе престојува и во Кошице. Ќе го посети седиштето на источно католичката Црква во Прешов, а ќе учествува на годишното ходочастие за празникот Пресвета Богородица Жалосна во светилиштето во Шаштин.

Папата го потврди патувањето на крајот на неделниот Ангел Господов на 4 јули. Пред посетата на Словачка ќе отиде во Унгарија по повод Меѓународниот евхаристиски конгрес. Тоа ќе биде второ апостолско патување на папата Фрањо оваа година, а вкупно четврта посета на еден папа на Словачка – претходно таа земјата три пати ја посети Иван Павле II.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот