Скопје: Прославен празникот Голема Богородица

Скопје: Прославен празникот Голема Богородица

Скопскиот бискуп и епископ Струмичко – скопски д-р Киро Стојанов го предводеше свеченото Литургиско славење на празникот Вознесение на Блажена Девица Марија на небото во четврток, 15 август 2019. во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Прославата започна со процесија со статуата на Мајка Божја околу катедралата и пеење на маријански песни.

Во својата хомилија бискупот Стојанов рече: „Драги браќа и сестри, празнуваме возвишен празник кој во низата Маријански празници оправдано зазема прво место. Величествена слика што ни се отвора пред духовните очи, Божјо ветување е дека човекот ќе го праслави со небеска слава во сето онаа што спаѓа во суштината на човекот, а тоа е и телото. Исусовото воскресение би рекол само по себе е разбирливо, но Вознесението (Успението) на Богородица е знак на небото со кој одговара Бог на нашата исконска потреба за вечниот живот. Како и да го сфатиме човекот како сложено суштество дух, душа и тело, сепак учењето на Католичката црква не сака да робува на ниту едно чудно размислување што би го потценувало телото како на пример во грчката филозофија или преценува, како на пример теоријата на вечната материја. Човек не е настанато тело, туку и тело. Вистина е дека тоа тело е материјлано и подчинето е на законите на материјата, а воедно и на минливоста. Но, кога во создадената материја Бог вдахнал бесмртна душа, Библијата вели човекот станал живо суштество. И навистина невозможно е на законите на ова природа да им се дели материја и дух се додека Бог самиот не ги зафати чудесно и нашата душа ја повика во живот вечен, а телото иако препуштено на распаѓање носи во себе ветување што Исус го потврди: ако некој верува во мене, ако и умре ќе живее. И кој јаде од моето тело ќе биде воскреснат во последниот ден. Вистинското воскресение е единствено и самоостварено во Христос. Но, ако гледаме со очите на Библијата тогаш земската смрт не е Божја волја ниту Божја желба туку човеков избор како стои во книгата Битие да умре со смрт. Според тоа умирањето не значело дека смртта требала да биде таква каква е нашата, туку можеби промена, како што е Христовото тело во Воскресението воздигнато над законот на нашата физика„.

„Свети апостол Павле токму тоа нѐ учи за нашето тело: браќа зарем не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух (1 Кор 6,19) и навистина човек кој е крстен а пред сѐ кој се причестува и со тело е дел од Христовото тело и крв според светата Тајна Евхаристија. Сакам неколку збора да прозборам со вас за таа теологија на телото која за нас е вредност и светиња како луѓе. Она што во оваа цивилизација соблазнува и длабоко го доведува во прашање е достоинството на непочитување на телото. Тука се гледа најнапред за така наречената мода, а модата е тренд во која како огледало се огледува и одразува степенот на човечката култура. И свети апостол Павле уште во онаа време дискутира за телото и за достоинството на сите делови на телото. Меѓутоа, чедноста (невиноста) како доблест за достоинството на некои делови од телото ги прекрива и на тој начин уште повеќе го нагласува нивното достоинство. Но, во нашето време кога е уништено достоинството на човекот, уништено е и достоинството на телото. Не можеме да расправаме дали најнапред паднало достоинството на човекот или неговото тело, но дека падот на човекот се одразил во сквернавењето на телото. Несовесни лица се осквернуват себеси, бидејќи со откривањето на своето тело ја обезвреднуваат вредноста и стануваат предизвик кој потоа со право осквернува како нешто јавно, а не приватно и интимно и лично. Во оваа област денес станавме робови на т.н. мода, што ниту христијаните не се спротивставија на овој предизвик и затоа не само порнографијата, туку и промискуитетот го срушија секој поглед, а  кога не се почитува телото, тогаш не се почитува ни човекот. Законот за задоволство стана највисока норма и знаеме дека ниедно задоволство не може да биде нормативно, туку само изговор за природниот и целосен живот на еден човек“

„Кога сега ја набљудуваме дури и со обични очи возвишеноста на овој празник, тогаш помалку и се срамиме кога ќе погледнеме како денес се облекуваме, а пред сѐ женскиот свет. Можеме само со жалење да тврдиме како оној кој се откажал од достоинството на своето тело не може да очекува и нема право да очекува повеќе да го почитуваат другите отколку што самиот себе си се почитува„.

„Нека оваа наше кратко размислување нѐ поттикне да бидеме благодарни на Бога што нѐ создаде и како телесни суштества, но да се обратиме и според засташништвото на Пречистата Дева Марија да нѐ научи да ја почитуваме својата личност и достоинство кое се изразува со духот, душата и телото. Нека Господ Бог по застапништвото на својата Мајка нѐ чува од заразата на голотињата и осквернувањето на човечкото тело“.

На крајот од светата Литургија следеше пеење на литанија во чест на Блажена Девица Марија. Во скопската парохија тој ден освен вечерното свечено славење, служени се свети Литургии во 6.00 часот и во 10:30, а во капелата Свети Јосиф на скопскиот Бит Пазар на 14 и 15 август од раните утрински часови традиционално на поклонение доаѓаа Роми кои негуваат голема побожност кон Блажена Девица Марија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот